Сите војници во армијата на САД кои не сакаат да се вакцинираат против Ковид-19 веднаш ќе бидат отпуштени – објави денеска копнената војска на САД нагласувајќи дека тоа е неопходно за да се одржи борбена готовност.
„Мерката се однесува на редовните војници, резервистите и питомците, освен за оние кои имаат потврда за ослободување од вакцинација“ – се наведува во соопштението.
Пентагон воведе задолжителни вакцини за сите активни припадници на војската во август 2021 година. Поголемиот број војници примиле најмалку една доза од вакцината, а 79 починале како последица на коронавирусот.
„Борбената готовност зависи од војниците кои можат да тренираат, да патуваат, да се борат и да победуваат во војни. Невакцинираните војници се ризик за војската и ја загрозуваат подготвеноста“ рече високиот воен претставник – Кристин Вормут.