Полиција во Украина уапси војник на Националната гарда кој уби петмина во воена фабрика пукајќи со службен „калашников“, по што побегнал.
„Артјом Рјабчук штотуку е уапсен од полицијата во регионот Дњепропетровск“ – напиша министерот за надворешни работи, Денис Монастирски на Фејсбук.
Рјабчук отворил оган од автоматска пушка па побегнал од местото на настанот. Пет лица загинаа, а уште петминабиле повредени.
Инцидентот се случил рано утрово во фабриката за проектили „Пивденмаш“.