Песимистички најави доаѓаат од официјални лица на ЕУ и САД, кога станува збор за руско-украинскиот конфликт.
„Во Украина се подготвува подолга војна која ќе трае барем до крајот на годината, а веројатно и многу подолго“.
Ова го потврди претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен, а и државниот секретар на САД – Ентони Блинкен е со сличен став.
Фон дер Лајен им порача на граѓаните на ЕУ дека мора да се подготват за војната во Украина дека ќе трае „можеби и со години“ и побара што е можно повеќе оружје да биде доставено до Киев.
Блинкен рече дека во суштина од европските сојузници добиле потврда за нивната проценка дека војната во Украина не може да заврши во догледно време.
Црните претчувства за војната во Европа видно ги загрижуваат другите делови на светот, особено Азија, бидејќи овој конфликт предизвика нестабилност на глобално ниво.