Велика Британија со предупредување на Москва дека евентуална инвазија врз Украина ќе биде погубна за Русија, Украина и Европа и таа ќе предизвика огромни трошоци.
„Всушност војната во Украина би била погубна за рускиот и украинскиот народ и за европската безбедност, а НАТО јасно стави до знаење дека секој упад во Украина ќе има огромни последици и сериозни трошоци“ рече шефицата на британската дипломатија – Лиз Трас на средбата со рускиот колега – Сергеј Лавров во Москва.
На почетокот на средбата Лавров изрази надеж дека Москва и Лондон ќе успеат да ги обноват механизмите на билатералната соработка, „како и бројните меѓуресорски врски што одамна беа прекинати одамна, но, не на наша иницијатива“.
Тој додаде дека односите помеѓу Русија и Велика Британија се на најниско ниво.