Вооружен напаѓач го уби шефот на обезбедувањето на Амбасадата на Азербејџан во Техеран

Маж вооружен со пушка калашников денеска ја нападна амбасадата на Азербејџан во иранскиот главен град Техеран, при што го уби шефот на обезбедувањето и рани двајца чувари, соопштија официјални лица.

Се уште никој не кажа кој би можел да биде мотивот зад нападот во Техеран.

Видеото, наводно, направено на местото на нападот покажува тело како лежи на влезот во амбасадата зад детектор за метал.

Иранските медиуми веднаш не објавија за нападот.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Азербејџан, се наведува дека истрагата за тој „предавнички“ напад е во тек.

Министерството соопшти дека напаѓачот со истрели го уништил безбедносниот пункт.

Азербејџан се граничи со Иран на северозапад.

Во октомври, Иран одржа воени вежби во близина на границата со Азербејџан во демонстрација на воена сила во услови на широки протести во земјата.

Азербејџан, исто така, одржува блиски врски со Израел, кој Техеран го смета за свој главен регионален непријател.