Вооружен напад во затвор во Мексико – 14 загинати, а 24 затвореници избегале

Во вооружен напад на затвор на северот на Мексико во градот Сиудад Хуарез, загинаа најмалку 14 лица, а 13 од нив се повредени.

Според последните информации, избегале 24 затвореници.

Според државниот обвинител, меѓу загинатите има десет чувари и четворица затвореници. Нема повредени полицајци. Засега нема информации кој го извршил нападот. Обвинителот изјавил дека напаѓачите пристигнале во затворот со оклопни возила, пренесува Ројтерс.

Во затворот се сместени членови на различни криминални групи и нарко картели, пишува Би-Би-Си.

Од 13-те повредени во конфликтот, четворица се на болничко лекување. Неколку минути пред нападот на затворот бил пријавен напад врз полицијата. По претресот, уапсени се четворица мажи.

После тоа, уште двајца возачи загинаа во вооружен напад во друг дел на градот. Засега нема информации дали трите напади се поврзани.