Драма утринава на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз.
Бездомник вооружен со нож бил убиен од полицаец кој отвори оган врз него, известуваат полициски извори. Настанот се случил утринава околу 8.20 часот на терминалот 2F на главниот париски аеродром.
Според првите реконструкции, полицијата неколку пати му наредила на мажот да го спушти ножот на земја, но безуспешно. Мажот со ножот в рака им се приближил на полицајците кои во тој момент отвориле оган, куршумот го погодил смртно во пределот на стомакот.
„Бездомник малтретирал безбедносни службеници и била повикана полиција да интервенира“ – изјавил извор од аеродромот.
Ова го потврдија и од париската полициска префектура на Твитер.
Faisant preuve de sang-froid, les policiers ont neutralisé ce matin un individu menaçant en possession d'une arme blanche à l'aéroport de #Roissy Charles de Gaulle. pic.twitter.com/KBtVKQVtbH
— Préfecture de Police (@prefpolice) August 10, 2022