Вооружен маж застрелан, тројца полицајци повредени во пукање во близина на Израелската амбасада во Јордан

Вооружен маж е застрелан, а тројца полицајци се повредени во пукање во близина на Израелската амбасада во Јордан, објавија денеска безбедносни извори и државните медиуми.

Вооружен маж е застрелан, а тројца полицајци се повредени во пукање во близина на Израелската амбасада во Јордан, објавија денеска безбедносни извори и државните медиуми.

Полицијата застрела вооружен маж кој пукал во полициска патрола во населбата Рабија во Аман, објави државната новинска агенција, повикувајќи се на јавната безбедност и додавајќи дека истрагата е во тек.

Министерот за комуникации на Владата на Јордан, Мохамед Момани го опиша пукањето како терористички напад, чија цел биле силите за јавна безбедност во земјата. Тој рече дека во тек е истрагата за нападот.

Израелската амбасада е под строг полициски надзор по инцидентот, јавија светските агенции, повикувајќи се на очевидци.