Вооружени мажи упаднале во полициска станица во областа Нор-Норк во ерменскиот главен град Ереван, објавија локалните медиуми.
Како што е наведено, можно е вооружените лица да припаѓаат на организацијата „Борбено братство“, чии 50 членови се приведени претходно денеска.
Се слушнале експлозии и истрели, при што има повредени.
Еден од неидентификуваните мажи кои упаднале во полициската станица држел предмет налик на граната. Мажот се појавил на вратата од зградата, изјавил дека сака оставка од ерменскиот премиер Никол Пашинјан, а потоа се вратил во зградата.