
Авионот на „Wizz Air“ кој утрово полетал од Скопје кон Париз прогласил вонредна состојба околу два часа по полетувањето, додека се наоѓал над Луксембург, пренесува Flight RouteXplorer.
Станува збор за летот W64719, управуван од „Airbus A321neo“. Екипажот го прекинал летот и го пренасочил кон аеродромот во Брисел (Шарлроа), каде што авионот безбедно слетал околу 7:30 часот по универзално време, по приближно два часа и 15 минути во воздух.
И Flightradar24 евидентира дека леталото било пренасочено и наместо во Париз слетало во Брисел, откако екипажот прогласил вонредна состојба во текот на летот поради влошена здравствена состојба на патник.