Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж можеби нема да биде екстрадиран во САД, пишува „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори во американското Министерство за правда кои велат дека Вашингтон ја разгледува можноста Асанж да се изјасни за виновен за помало кривично дело.
Американското Министерство наводно размислува да му дозволи на Асанж да се изјасни за виновен за лошо постапување со доверливи информации, што може да резултира со негово ослободување од британски затвор и да избегне екстрадиција, пишува американскиот весник.
САД бараат екстрадиција на Асанж за објавување тајни воени досиеја во 2010 и 2011 година, а Врховниот суд на Велика Британија одлучи дека Асанж треба да биде екстрадиран, отфрлајќи ги тврдењата дека може да изврши самоубиство во американски затвор поради лошо ментално здравје.