Вознемирувачко видео од бруталното претепување до смрт во Ново Место, Словенија
На социјалната мрежа Икс се појави видео од монструозната тепачка што се случила ноќта помеѓу четвртокот и петокот во Ново Место, Словенија, кога еден маж бил брутално нападнат, по што претрпел сериозни повреди на главата и подоцна починал. Инцидентот се случил кратко по 2:30 часот наутро на улицата Розманова.

Takole so“občani”,pred umorom očeta Aleša, pretepli mladostnika. @policija_si je bila obveščena in je“ukrepala” tako,da je napisala plačilni nalog.Nesposobni minister in marionetni direktor sta na @24ur_com pojasnjevala,da je stanje umorjenega stabilno. pic.twitter.com/5hVWPwxzd8
— Aleš Hojs (@aleshojs) October 26, 2025
„Овој настан јасно покажува дека владата и одговорните не ги препознале ниту ги решиле проблемите што се присутни долго време. Луѓето претрпеа доста. Ова беше последната капка во чашата. И оние во Љубљана мора да разберат дека нема враќање назад“, се закани градоначалникот на Ново Место.
Како што објавивме претходно, до овој кобен момент дошло откако жртвата, Алеш Шутар, бил повикан од својот син, да дојде пред клубот „ЛокалПатриот“ во Ново Место. Синот на таткото му кажал дека група мажи му се закануваат.
Таткото, познат угостителски работник од Ново Место, пристигнал на местото на настанот, каде што бил нападнат и претепан, а за време на нападот го изгубил пулсот.
Брзата помош успеала да го реанимира, но тој сепак починал кратко пред 22 часот, поради добиените повреди на главата.
Словенија е на нозе по овој инцидент. Министрите за правда и за внатрешни работи во владата на Роберт Голоб поднесоа оставки.