Возел со 3,58 промили алкохол во крвта, па добил 30 дена затвор

На 30 дена затвор, како и парична казна во износ од 120.000 динари, осуден е 44-годишен маж кој возел автомобил во градот Мионица, во западна Србија.

Полицајците кај него измериле 3,58 промили алкохол во крвта.

Како што информираат од Полициската управа во Ваљево, прекршочниот суд во тој град му изрекол заштитна мерка забрана за управување со моторно возило во траење од 9 месеци.

Претходно, припадници на сообраќајната полиција во Мионица при редовен увид го исклучиле од сообраќај возачот на автомобил марка „пасат“ кој управувал возило во пијана состојба.