Извесен С.К од Бања Лука бил уапсен вчера откако било утврдено дека бил пијан управувајќи автомобил сред бел ден.
Овој возач е еден од рекордерите кога станува збор за пијаните возачи во Бања Лука, пишува Српскаинфо.
Полициската управа соопшти дека вчера околу 13:10 часот при вршење на редовни работи и задачи извршиле преглед на патничко возило управувано од С.К. од Бања Лука.
– Возачот е уапсен бидејќи со алкотест било утврдено присуство на 4,05 г/кг алкохол во организмот. Тој ќе биде санкциониран согласно одредбите од Законот за основите на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Босна и Херцеговина – соопшти полицијата.