Возач со „Опел Астра“ удри четворица пешаци во скопски Аеродром

Според информациите на МВР, повредени се двајца возрасни, Г.К. (40) и М.К. (39), како и две малолетнички, сите од Скопје. Возилото по ударот продолжило да се движи и се забило во семафор.

Денеска околу 11:25 часот во скопската населба Аеродром се случила тешка сообраќајна несреќа, во која автомобил „Опел Астра“ со скопски регистарски таблички, управуван од Т.Н. од Скопје, излетал од коловозот и удрил во четворица пешаци на тротоарот.

Според информациите на МВР, повредени се двајца возрасни, Г.К. (40) и М.К. (39), како и две малолетнички, сите од Скопје. Возилото по ударот продолжило да се движи и се забило во семафор.

Повредените пешаци се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им се констатирани повреди. Полицијата извршила увид на местото на несреќата и се работи на целосно расчистување на случајот.