Воен дрон се урнал во Загреб, оштетени неколку возила

Ноќеска по 23 часот во хрватската престолнина се слушнал силен тресок. Хрватските медиуми јавуваат дека на земјата бил видлив голем кратер.па заклучокот е дека нешто удрило во земјата и експлодирало.

Според „Индекс.хр“, повикувајќи се на добро упатени извори, според досега собраните информации од надлежните служби, на загрепски Јарун паднал воен дрон. Пронајдени се два падобрана

Полициската управа на Загреб соопшти дека добила повеќе пријави од граѓани дека почувствувале детонација во поширокото подрачје на Јарун.

Местото го обезбедува полицијата и во тек е истрага.

Полицијата засега нема пријави за повредени на поширокото подрачје на местото на инцидентот. Оштетени се неколку паркирани возила.