Воената книшка на Мухамед Али на аукција

Воената книшка која легендарниот американски боксер Мухамед Али одби да ја потпише во 1967 година, а која му го промени животот и го зацементира како симбол на антивоеното движење, наскоро ќе биде ставена на аукција.

Документот, издаден во неговиот роден град Луисвил, јасно покажува празен ред каде што требало да стои потписот на славниот боксер. Овој чин на пркос доведе до тоа Али да биде осуден за избегнување на регрутација, да му биде одземена светската титула и да добие забрана за влез во рингот.

За време на забраната, тој држеше говори на универзитетите и кратко се појави во бродвејски мјузикл, враќајќи се на рингот три години подоцна.

Аукциската куќа „Кристи“ објави дека воената книшка ќе биде понудена на онлајн аукција од 10 до 28 октомври, со проценка дека би можела да достигне цена од три до пет милиони долари. Документот е јавно изложен во Рокфелер центарот во Њујорк до 21 октомври.

Трикратниот светски првак во тешка категорија почина во 2016 година на 74-годишна возраст по долга борба со Паркинсоновата болест.