Водоводниот систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од Скопје

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до сите граѓани на градот Скопје за рационална и совесна употреба на водата за пиење, како и избегнување непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени…, со оглед на тоа што градот се снабдува од природен извор со ограничени количини вода за пиење од непроценлива вредност.

-Денеска се продолжува со енормно зголемената и неконтролирана  потрошувачка на вода на дневно ниво, што предизвикува повторно нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем. Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот. Стабилизарање на водоснабдителниот систем се очекува во период по 23 часот, велат од ова јавно претпријатие.

Од ЈП „Водовод и канализација“ апелираат до органите на локалната самоуправа, согласно надлежностите, преку службите со кои располагаат, како и преку месните заедници на територија на општините, да се ангажираат во подигање на свеста кај жителите на општините за рационално користење на водата за пиење.

-Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на  02 3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk или www.vodovod-skopje.com.mk. Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје, се вели во денешното соопштение од Град Скопје.