Трилинг – Владина реконструкција, нов коалиционен партнер, стари проблеми

Замрзнати цени – празни продавници.

Битката меѓу воените профитери и болшевичката влада започна.

Со бојкот за производство на поефтин леб. И темни инспекции во погоните.

Во услови на ултиматуми нема дијалог. За предизвикување вештачко пореметување на пазарот и снабдувањето постојат основи за кривична одговорност.

Без елементарен деловен морал пекарите заборавија дека нивните потрошувачи се и даночни обврзници.

Тие плаќаат за буџетот од кој лебарите добиваат субвенции по три основи

-Стимулации за производителите на житни култури,

-За амортизирање на енергетскиот удар,

-За поефтини кредити во  модернизацијата на производството.

Поефтин леб нема, но затоа поскапите житни производи побрзо ќе се потрошат. Дали и ова е смислата на бојкотот?

Отсуството на контроли од владините ресори и институции  некој ги злоупотреби. А зошто неколку месеци дремеле министерството, инспекциите во потрагата и казнувањето за  злоупотребите со државните пари?

Може ли сега да очекуваме поплава од евтини леба преку увоз од соседството? Дали бојкотот на пекарите е притаен договор со власта  да се користат државните резерви со жито? Кој може да си дозволи таков луксуз  во овие крајно ризични безбедносни услови?

Ароганцијата и суетите се лични карактеристики. Кога тие доминираат во политиката и бизнисот наместо решенија се создава конфликтност во општеството.

Жив пример е  и враќањето на  приватните автобуски превозници во Скопје.Само поминаа пет месеци во кои граѓаните беа малтретирани .