Зошто Ахмети ја сака Алијанса во владината коалиција кога и со нив го немаат потребното мнозинство за уставните промени?
Дали Ахмети стравува од отцепување на пратеничката фракција – интервју со Изет Меџити, пратеник и водач на фракционерското крило.
Обвинителството под канонада од критики дома поради растечкиот криминал во високите ешалони на власта, од дипломатите поради номинираните судски и обвинителски кадри. Дали критиките на американската амбасадорка околу изборот на Абази за шеф на Обвинителството за гонење криминал се оправдани?
Интервју со претседателот на Советот на обвинители, Антонио Јолевски.
Со екс-министерот за финансии и претседател на Советот на град Скопје, Трајко Славески за економските предизвици и превирањата со градоначалничката Арсовска.
Соговорник на Марија Димишкова е режисерот Вардан Тозија.
Гледајте Трилинг, вечерва 20.45 часот на ТВ24.