Воведник во вечерашното издание на Трилинг

По една недела можам само да ги зголемам бројките, привремено да ги заменам актерите и темите, но претполагам се уште сме во вртлогот на неизвесноста. Инфлацијата го проби плафонот на 20 насто. Народна банка ги зголеми каматите до 4,25 насто. Таа е триста насто повисока од пред осум месеци. Деловните банки ќе ги зголемат своите камати за кредитите, но и за денарските депозити за да се привлече поголема денарска маса. Дали тоа е прв знак за загрозената ликвидност?

Кошмарот се сели во продавниците. Лебот, млекото, јајцата држат високи цени. Месото и сувомеснатите продукти одат кон плафонот на редуцирана потрошувачка.

Сите коморски фронтмени за владини интервенции сега како газди се притаени. Добија поевтина струја, но одолговлекуваат со намалување на цените. Ова е време на нивен екстра профит.

Една трилинг честитка.

Параолимпијката Оливера Наковска Бикова е светски првак во стрелаштво. Немаме ли време да и се израдуваме.

Не прочитав честитки од Водно и Илинденска.