Воведени санкции за сопругата и ќерката на Сергеј Лавров

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски ја официјализираше одлуката на Украинскиот Совет за безбедност и Советот за одбрана за санкционирање на сопругата и ќерката на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Според документот објавен на веб-страницата на претседателот на Украина, Марија Александровна Лаврова (родена 1950 година) и Екатерина Сергеевна Винокурова (поранешна Лаврова, родена 1983 година) се санкционирани на 10 години, пренесе „ТАСС“.

На 9. јуни, Зеленски воведе санкции и за неговиот руски колега Владимир Путин и други високи функционери од Русија, вклучително и за Лавров.