ВМРО-НП: Повеќе се одбележува српската окупација од државните празници во Македонија
ВМРО-Народна партија искажува голема загриженост што оваа година прославата на „Битката на Зебрњак“ после која е окупирана Македонија и со која започнува 23 годишната српска окупација на нашата земја беше одбележана на многу помпезен начин и со поголема манифестација отколку Денот на македонската револуционерна борба.

Исто така загрижени сме што бројот на настани со кои се одбележува српската окупација на Македонија ги надмина и државните празници во земјата.Само да потсетиме, секоја година со големи манифестации се прославуваат битките кај Кајмакчалан, Брегалница, Зебрњак, Удово, битката кај Рамне, „денот на победата“ во Битола, и сето тоа со македонски државни пари од македонскиот буџет со кои се слави окупациона војска на територијата на Македонија.
Но посебно сме загрижени што на тие прослави Македонија е претворена во поле на омраза, така што пред два дена чувме омраза, реваншизам и шовинизам против Турците, Бугарите, Албанците и муслиманите, а да не зборуваме за тоа што редовно Македонија се нарекува „стара и јужна Србија“, а македонците „срби кои биле ослободени“.
Овие навреди кон македонскиот народ овој пат беа надоградени и со нов идентитет и наратив обраќајќи се со „браќа северномакедонци“.
ВМРО-Народна партија ја повикува Владата на ВМРО-ДПМНЕ да престане со ова понизно виткање на кичмата и со ова понижување на македонскиот народ.