ВМРО-Народна партија упатува целосна јасна и недвосмислена поддршка на Македонската православна црква – Охридска архиепископија по однос на прашањето за предлог Законите за матична евиденција и родова еднаквост.
Партијата смета дека неприфатливо е донесувањето на овие Закони со кои, како што велат, не само што тоа ќе се изврши на крајно нетранспарентен начин туку и ќе задре до демократскиот капацитет на општеството во С. Македонија особено поради фактот што постојат огромни разлики кои доаѓаат не само од граѓанството туку и од страна на стручната јавност и верските заедници.
Од тука сметаат дека потребна е поширока и посеопфатна дискусија помеѓу сите засегнати страни за изнаоѓање на вистински и правилен модалитет и методологија врз која ќе се таргетираат вистинските сегменти кои недостасуваат во предложените Закони, а притоа нема да задираат во чувствата на граѓаните на С. Македонија.
„ВМРО-Народна партија како конзервативна и демохристијанска партија секогаш стои позади принципот на унапредување на еднаквоста помеѓу мажот и жената особено во општествено-политичкиот сегмент од живеењето, но во никој случај нема да дозволи разнебитување и доведување до степен на рушење на веќе постоечките семејни вредности преку донесување штетни Законски решенија со кои ќе се руши веќе постоечкиот концепт на семејството“, се вели во партискиот став.