„Taлат ја одби иницијативата за референдум зошто најмалку еден милион гласачи ќе го отфрлеа договорот со Бугарија. Власта предводена од антимакедонската СДС со одлуката да се отфрли иницијативата за референдум покажа дека се плаши од соочување со народот и нема апсолутно никаков демократски капацитет. Тие го измолија Талат Џафери да изигрува уставен судија и да прекршува закони само и само да му ја спаси привремено кариерата на Ковачевски“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Нивната одлука е резултат на паника и страв. Тие само покажаа дека имаат уплав од народот. Свесни се дека огромно мнозинство на граѓани се спремни да излезат на референдумот и да гласаат за отфрлање на договорот со Бугарија. Народот гледа дека овој договор кој го потпиша антимакедонската СДС е извор на асимилаторската и негаторска политика кон Македонија. Овој Договор е штетен и задира во македонскиот идентитет, култура и историја“ велат од партијата.
„Ако мислат во СДС дека Талат Џафери му фрлил гума за спасување на давеникот Ковачевски, многу се лажат. Ковачевски веќе покажа дека не ги слуша граѓаните и затоа ќе тоне се подлабоко и подлабоко. Секој човек може да види колку антимакедонската СДС се плаши и бега од соочување. Оваа ненародна власт изгуби секаков легитимитет. Може да се кријат, ама нема да избегаат од народната казна“ – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.