ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Спасовски за оштетување на буџет

Се знае кое е името и презимето за ова што се случува со патните исправи, девет годишниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој што за одредени политички цели не ја кажал оваа обврска пред граѓаните, затоа што постоела оваа обврска 5 години како што можеме да видиме, изјави пратеникот Бојан Стојаноски во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.

-Утре ВМРО-ДПМНЕ во 11 часот ќе поднесе кривична пријава за лицето Оливер Спасовски бидејќи ги имам граѓаните и го има оштетено буџетот на Република Македонија, со тоа што знаејќи дека вакво обврска ќе стапи на сила набавувал обрасци за лични документи иако знаел дека граѓаните не можат да ги користат до крајот на рокот на нивното издавање, истакна Стојаноски.