
ВМРО-ДПМНЕ ќе има градоначалници по првиот круг во Штип, Прилеп, Струмица, рече Милошоски
Што се однесува до Скопје, Милошоски рече дека нивниот кандидат Орце Ѓорѓиевски има голема предност, но остави можност дека сепак ќе се одржи и втор круг.
Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, предмалку изјави дека, според податоците со кои располага партијата, ќе победат во трката за градоначалнк уште во првиот круг во повеќе општини.
Притоа, тој ги спомена Гази Баба, Штип, Прилеп и повеќе други општини, меѓу кои и Струмица, која дваесетина година е под локална власт на СДСМ.
Што се однесува до Скопје, Милошоски рече дека нивниот кандидат Орце Ѓорѓиевски има голема предност, но остави можност дека сепак ќе се одржи и втор круг.