ВМРО-ДПМНЕ ќе избира нови внатрепартиски кадри во општинските комитети
На првата седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ било решено да се спроведе сеопфатен реизбор на претседателите во 76 општински комитети, како и на претседателите на Унијата на ветерани, Унијата на жени и на Унијата на млади сили, соопшти новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Во порака упатена до членството на владејачката партија, Ковачки вели дека ВМРО-ДПМНЕ функционира „како динамична организација што постојано се надградува и отвора простор за свежи идеи и за нова енергија“.
Според него, процесот на реизбор претставува шанса за голем број членови и активисти со капацитет и со мотив да се вклучат во унапредување на внатрепартиската работа и во креирањето на политиките.
Тој ги повика да се охрабрат и да се вклучат „луѓе со личен и професионален интегритет, кои ќе придонесат за поголемо единство во партијата и ќе работат одговорно и посветено“.
„Ова е шанса за секој член кој сака активно да се вклучи во креирањето и носењето на одлуки. Отворени сме за секој што сака да биде дел од тимот што победува“, рече Ковачки.