Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ прашуваат – вака ли продолжува дијалогот со Бугарија преку понижување на едната страна од учесниците во процесот?
Силно понижување е исфрлањето на Ковачевски од фотографијата на Петков, реагираат од партијата и бараат одговори од Бугарија што стои зад ваквото понижување и ваквиот деградирачки однос кон премиерот на Македонија.
„Таквиот чин е директно спротивен на тврдењата на Ковачевски дека дувале нови ветришта на пријателство кое еве гледаме го оддуваа од фотографијата со Петков. Дома се прават пријатели, а пред светот, Ковачевски не го редат ниту на фотографија. Затоа се должни да одговорат што стои позади ваквото понижување и ваквиот деградирачки однос кон премиерот на Македонија? Вака ли продолжува дијалогот со Бугарија преку понижување на едната страна од учесниците во процесот? И ова ли ќе го премолчи Ковачевски?“ – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.