„Падна бугарската влада, треба да падне и владата на Ковачевски во Македонија.
Францускиот предлог од тоа што беше пренесено во медиумите е целосно фијаско и остварување на сите бугарски барања без било какви гаранции за Македонија.
Наместо да молчи Ковачевски треба веднаш да излезе и да го отфрли предлогот кој беше презентиран од медиумите.
Зошто молк и дали молкот значи согласност на СДСМ и Ковачевски со капитулацијата која и се спрема на Македонија.
Дали СДСМ ќе прифати тивка бугаризација или целосно отфрлање на Македонија од процесот на евроинтеграции?
СДСМ прави идентитетски удар врз постоењето на народот, државата и идентитетот.
Францускиот предлог е уцена и целосно фијаско на Ковачевски поради што треба да си даде оставка веднаш“ соопштија денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.