
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на лидерот на СДСМ Венко Филипче во врска со молкот на институциите за пожарот во Трубарево и неговиот повик граѓаните во овој дел на градот да останат дома и да не излегуваат.
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на лидерот на СДСМ Венко Филипче во врска со молкот на институциите за пожарот во Трубарево и неговиот повик граѓаните во овој дел на градот да останат дома и да не излегуваат.
„Додека Венко Филипче преку социјалните мрежи наводно драматично ги повикуваше граѓаните на Трубарево и пошироко во Скопје да седат затворени дома, да носат маски и да не излегуваат без потреба, неговиот сопартиец и градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, во исто време организираше партиски концерти и ги канеше луѓето на забава во среде град“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, ова е врв на лицемерието на СДСМ, и како што велат, „едно за народот, друго за нив“.
„Граѓаните да седат дома и да се гушат во чад, а функционерите на СДС да се веселат на сцена, со музика и аплаузи. Таква дрскост и дволичност не памети Скопје“, се вели во ракцијата на ВМРО=ДПМНЕ.
„Оваа дрска злоупотреба и обид за политизација на секоја трагедија уште еднаш ја потврдува вистината: некој намерно потпалува политички пожари за да создаде хаос пред избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.