„Рамо до рамо, СДС до ДУИ, за тендери, криминали и лични богатења на функционерите на власта.
За криминалците на СДС и ДУИ небитно е што секој ден стопанските комори бараат помош од државата, а синдикатите бараат поголеми плати за работниците, нив им се најбитни тендерите и богатењето.
Додека замрзнуваат, па одмрзнуваат, па ги реведираат цените, а граѓаните не можат да си ги купат ниту основните прехранбени производи пред празниците, Владата на СДС и ДУИ само со еден потпис на Груби им го зголеми богатството на фамилија Ковачевски.
Со одлука и потпис на Артан Груби, фамилијата Ковачевски доби земјиште по цена од само 70 денари по м2.
За околу 1.300 евра фирма на фамилијата Ковачевски, каде што главен лик е госпоѓата Ковачевска добива земјиште за изградба на фотоволтаици од 1.119м2.
Една седница на Влада потпишува Ковачевски а се богати Груби, наредна седница на Влада потпишува Артан, а се богати Димитар.
Артан Груби му се одолжи на Димитар Ковачевски за целосната и безусловна одбрана на криминалот кој го прави неговиот брат со фамилијарните фирми, како и за матните тендери со надзорот на коридорите 8 и 10Д“ се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.