Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери во четврток ќе поднесат оставки, а во петок пратениците ќе изберат нов собраниски спикер, дознава ТВ Канал 5.
Според Канал 5 во недела пратениците ќе гласаат за техничката влада, а во утре овој роковник се очекува да биде потврден на координацијата на пратеничките групи во Собранието.
Како кандидат за нов претседателот на Собранието, по оставките на Ковачевски и Џафери од претходно се споменува координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, по што Собранието ќе го информира претседателот Пендаровски за доделување на мандат на нов технички премиер, кој би бил Талат Џафери.
Техничкиот премиер ќе има обврска да го испрати владиниот предлог-состав на министри, заменици и дополнителни министри до законодавниот дом за гласање.
Останува неизвесно учеството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада на Џафери откако најавија дека до Собранието нема да ги испратат предлог-министрите кои и следуваат на ВМРО-ДПМНЕ.