„Судот треба во итно да постапи согласно членот 40 од Законот за вонпарнична постапка и да го отпочне процесот за утврдување на деловната способност на дезертерот Ковачевски. Сепак не се работи за било кое лице, туку за носител на функцијата премиер“ побараа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека „уверението кое го има приложено за одбегнување на воениот рок, во кое е наведено дека е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН, е доволен сомнеж и основ да се испита неговата деловна способност. Дезертерот Ковачевски има пристап до државни тајни, треба да донесува рационални одлуки, од него зависат државата и граѓаните и затоа е од суштинска потреба судот да утврди дали е деловно способен или не. Неговата ТРАЈНА НЕСПОСОБНОСТ може да предизвика голема штета на Македонија“.
„Веројатно во таа процедура ќе се утврди дали човекот е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН или само лажирал документи за да не оди во војска. И во едниот и во другиот случај треба да ја напушти функцијата. Колку подолго молчи судот под притисок на власта, колку повеќе бега Ковачевски, толку повеќе се потврдува неговата дезертерска карактерна црта“ е партискиот став на опозиционерите.