ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања за „Македонија пат“

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од директорот на „Македонија пат“, Костадин Ацевски, поради блокираните патишта откако денеска земјава ја зафатија врнежи од снег.

„Додека за директорот на ‘Македонија пат’ забавата почнува, граѓаните се заглавени на повеќе патни правци, оставка! Десетици возила, меѓу кои автомобили и камиони, се блокирани на Стража и Маврово. Медиумите цело попладне објавуваат снимки од граѓани кои се заглавени на Стража и Маврово, а надлежните затечени од снегот во ноември не знаат што да прават. Костадин Ацевски треба да си даде оставка зошто при првиот снег оваа година Македонија е блокирана“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, денеска Македонија е зафатена со снежни врнежи кои на места се интензивни. Тоа предизвика блокади на повеќе патни правци. Десетици села, пак, се без електрична енергија.