ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Груби за бизнисот со казина: Дали ја направи државата партер со бугарски мафијаш?

„Дали Артан Груби ја направи Македонија партнер во бизнис со бугарски мафијаш дел од кривични постапки кој се наоѓа во притвор!?“ прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека со потпис на Груби е овозможено формирање на три нови фирми за коцкање.

„По одлуката на Груби, Лотарија каде директор е шефот на кабинет на Груби распишува оглас во кој се пресликува фирмата 8888.бг на Васил Бошков Черепот, бугарски мафијаш, за кого и Блумберг пишува дека е криминалец, кој се поврзува со многу тешки кривични дела. Истиот веќе подолг период е во притвор во Бугарија и против него се водат сериозни постапки“, велат оттаму.

Прашуваат „дали Груби ја понижува државата и истата преку Лотарија треба да влезе во бизнис со криминалец во притвор“?