„Со заминување на Бухова, не завршува одговорноста, кривична одговорност за сите во институциите мора да има. Поликлиниката Промедика во центарот на Скопје работела без лиценца и оперирала луѓе. Ова го дозволиле од ДСЗИ и од министерството за здравство“ се вели во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека „најодговорен е министерот за здравство, кој морал да знае што се случува во неговиот ресор. Тоа во тоа време бил Венко Филипче“.
„ЈО да не чека, истрага мора да има како за Бухова, така и за Филипче и за сите одговорни кои дозволиле поликлиника да работи без лиценца. Здравјето на граѓаните нема цена, и никој не смее да тера бизнис со здравјето на народот“ се вели во партиското соопштение.