ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност во Скопје, СДСМ пред победа во Центар
Според првичните и неофицијални податоци од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, партијата бележи значително водство во повеќе општини ширум земјата, меѓу кои се Град Скопје, Карпош, Кочани, Валандово, Пробиштип и Аеродром.

Во Скопје, според моменталните бројки, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, води со сооднос од приближно 2,5 спрема 1 во однос на кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ. Ѓорѓиевски има околу 11.000 гласови, додека Мециновиќ околу 4.000.
Во Карпош, како и во Аеродром и Кочани, водството исто така му припаѓа на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат податоците од нивниот аналитички центар.
Според досегашните резултати по општини:
Скопје: ВМРО-ДПМНЕ – 11.094, Левица – 4.090
По затворањето на избирачките места, првите преброени гласачки ливчиња од Општина Центар покажуваат водство за актуелниот градоначалник Горан Герасимовски пред противкандидатот Мирослав Лабудовиќ.