ВМРО-ДПМНЕ: СДС намерно не го прифаќа предлогот за заштита на македонскиот идентитет

Во продолжение го пренесуваме соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

Од ден на ден се по очигледно станува дека СДС намерно не го прифаќа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, за заштита на македонскиот идентитет, бидејќи ги штитат своите властодржци, а тоа се Али Ахмети и ДУИ.

Освен заштита на ДУИ, исто така станува јасно дека заедно сакаат да изведат уште едно предавство кон македонскиот народ, но овој пат тоа нема да им успее.

За ВМРО-ДПМНЕ нема дилема, нема подршка за уставни измени под бугарски диктат и овој став нема да се промени. Народот е тој што се прашува на оваа тема, а тој е јасен и гласен и ВМРО-ДПМНЕ нема намера да оди против својот народ.

Се бројат уште неколку месеци кога граѓаните ќе го пратат СДС во историјата, а ќе останат запаметени како криминалци, кои ги разочараа граѓаните на сите можни полиња, потенцираат од партијата.