ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Маричиќ да кажат каде на друго место во ЕУ државно возило и шофер се користи за партиски активности

„Бојан Маричиќ како вицепремиер за евроинтеграции да каже што е европски во злоупотребата на државно возило и шофер за партиски активности?СДС и Маричиќ да кажат дали министрите на земјите членки на ЕУ и функционери од Унијата злоупотребуваат државни ресурси за партиски цели или тоа е само пракса на СДС и Маричиќ, убедени сме дека е второто, но еве оставаме СДС да кажат, може имаат изговор“ порачуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата бараат „ДКСК да не молчи на злоупотребите на Бојан Маричиќ и да поднесе пријава против него за злоупотреба на службено возило за партиски и приватни цели“.

„Маричиќ во неработен ден беше фатен од страна на медиумите како користи службено возило, со кое е однесен до Подрачна единица на ДКСК каде го дал својот потпис за Пендаровски. Маричиќ користи шофер и возило во неработен ден, згора на тоа за партиски активности. Возилото и шоферот на Маричиќ се платени од државни пари, парите кои граѓаните и компаниите ги уплаќаат во буџетот за функционерите да извршуваат државни работи од корист за општеството, а не за полесно да извршуваат партиски позиции. Заради СДС и Маричиќ кои државата ја претворија во партиска алатка“ се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.