ВМРО-ДПМНЕ прашува дали имало и случај „Рекет 2“

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција постави прашање дали постоел случај „Рекет 2“, кое обвинителството наводно го криело во фиока, бидејќи се штителе функционери на СДСМ и ДУИ.

„Во случајот опфатени се поранешната СЈО Катица Јанева, Бојан Јовановски, како и други тројца активни обвинители, кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен.

Јавноста заслужува да знае, зошто овој случај се крие од неа? Дали затоа што штитат и кријат некој од СДС и ДУИ, и со тоа им оставаат простор истите да ја дефокусираат јавноста?

Зошто изминатава година, не е поведена ниту една постапка за поранешни функционери од СДС и ДУИ? Дали Коцевски сѐ уште ги штити неговите наредбодавци?“, рече Манасиевски.