ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски се пишманеше во рок од неколку часа за својата кандидатура, дали во СДС го принудија затоа што никој друг не се нафаќа на пораз

Најдобар опис за неговиот карактер е еден бениген пример околу неговата кандидатура за претстојните избори. Пишман Стево Пендаровски успеа да постави рекорд и сам себе да се надмине, односно сам себе да се демантира.

Пендаровски на 6 декември на пладне одговори дека не планира да се кандидира повторно за претседател на изборите закажани за 8 мај следната година, а веќе после еден до два часа да испратат соопштение од неговиот кабинет и да го дообјаснуваат. Или ова е случај на феноменот Стево го демантира Пендаровски, или некој насила го тера пак да се кандидира затоа што во СДС никој не се нафаќа да ги изгуби изборите.

Но едно е сигурно. Пендаровски не е човек од збор и нема свој интегритет. Едно зборува претпладне, се дообјаснува на пладне, а вечерта сосема спротивно прави.

Најлошото е што целиот овој мандат Пендаровски од својата позиција го газеше достоинството на народот и на државата.

За тоа ќе биде казнет на следните избори, стои во соопштението на партијата.