ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски можеше да спречи измени на КЗ

Пендаровски можеше да спречи измени на Кривичниот законик, но тој потрча да ги потпише и да им се додвори на Ковачевски и Ахмети. Пендаровски експресно ги потпиша измените на КЗ, по налог на Ковачевски и Ахмети со цел криминалците од власта да не одговараат. Пендаровски можеше да го врати законот на повторно разгледување, но тој реши слепо да ги исполнува командите на Ковачевски и Ахмети, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со потпис на измените на КЗ Пендаровски буквално ги аболицираше сите функционери од СДС и ДУИ кои изминатиов период ја злоупотребувале службената положба и овластување.

Пендаровски е директно виновен за хаосот во државата и деградирањето на правото“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.