ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8-ми Септември
„ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија. На овој историски ден пред 34 години, македонскиот народ ја донесе најважната одлука, самостојно и слободно да ја гради својата иднина во независна и суверена држава. Денес оддаваме почит на храброста, единството и визијата на сите кои го трасираа патот на слободата и самостојноста”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, овој празник не е само потсетник на минатото, туку и обврска за иднината, да продолжиме со градење на силна и стабилна економија, со заштита на националниот идентитет и со создавање на услови младите да останат во својата татковина.
„Со гордост денес го носиме македонското знаме и независноста ја градиме низ успесите што секојдневно ги постигнуваме, повисоки плати, нови работни места, инвестиции во домашната економија и подобар стандард за граѓаните. Нека овој ден не потсети дека силата на народот е во единството, а напредокот е возможен само ако сме обединети со заеднички поглед кон иднината. Да ја чуваме Македонија во нашите срца, во нашите дела и мисли, затоа што таа е наш дом, наш идентитет и нашата вечна татковина. Нека ни е честит 8-ми Септември, Денот на независноста!“, велат од владејачката партија.