
„Али Ахмети наредува, а неговиот слуга Димитар Ковачевски исполнува. Ковачевски по директна наредба на Ахмети започна отворена војна со медиуми во Македонија, заради тоа што истите ја објавуваат вистинската слика во државата и јавно говорат за целиот криминал и корупција во власта“ соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Токму ваквиот директен напад со етикетирање на медиуми од страна на Али и Ковачевски е доказ за автократијата во државата. Ваквите напади од страна на власта кон медиумите изминатиот период се честа појава. Обезбедувањето на пиунот Ковачевски се закануваше на новинар, пред само неколку дена новинари беа спречени да известуваат и постават прашања на автократот Ковачевски, на новинарите им се ограничува правото за поставување на прашање на владините функционери“ посочуваат од опозициската партија.
Оттаму потенцираат дека „Криминалците од СДС и ДУИ исплашени од се помалата доверба на граѓаните, удрија кон медиумите и медиумските работници, заради тоа што тие ги објавуваа нивните скандали, криминали, како и за катастрофалната состојба во економијата, здравството, образованието…“.
„ВМРО-ДПМНЕ ги осудува директните напади кон медиумите и медиумските работници. Бараме да запре притисокот од оваа автократска власт на Ковачевски и Ахмети кон медиумите“ е партискиот став.