„Ковачевски ниту еднаш не го нападна, ниту искритикува ДУИ, тие се сијамски близнаци. Ковачевски не може да функционира без ДУИ, нив им ја должи кариерата и 2-те години власт. Ковачевски му овозможи на ДУИ власт за се во државата, само за да може да краде“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата со став „исто и сега Ковачевски не смее да зборува против ДУИ, ниту да искритикува нешто. Одмолче за пеењето и прославите на Ахмети по институции, за фудбалот на Груби во министерство, за тендерите и криминалите, затоа што е составен дел од тоа“.
„Се што е ДУИ тоа е и Ковачевски. Тој му ја даде Македонија на ДУИ и 100-тина нивни функционери. Време е да ја вратиме државата на народот“ се вели во партиското соопштение.