ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Османи молчат за асимилаторскиот говор на Џамбаски

Ковачевски и Османи цел ден молчат за асимилаторскиот говор на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски за да им поминуваат криминалите, согласни се со сите кои имаат аспирации кон Македонија. Џамбаски во центарот на Скопје ја негираше македонската држава и народ, а од МНР и Владата молчат. За осуда и протесна нота за ваков инцидент не треба да се чека ни 5 минути, а не цел ден, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Што чекаат Ковачевски и Османи и од што се плашат? Или можеби се согласуваат со Џамбаски, ако се согласуваат чесно е да кажат.

Со Ковачевски и Османи имаме само негации. Додека тие се фокусирани на тендери, политичари со шовинистички говори го навредуваат народот и државата.

Срамен е молкот од власта. Владата на СДС и ДУИ е неспособна да ја штити државата, затоа треба што поскоро да си замине. Потребни се промени и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ги брани националните интереси и ќе работи на развој на државата“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ