ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја блокираа резолуцијата за ОВК

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја блокираа резолуцијата за поддршка на водачите на косовската ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими на кои Судот во Хаг им суди за воените злосторства, поднесена од ДУИ.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја блокираа резолуцијата за поддршка на водачите на косовската ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими на кои Судот во Хаг им суди за воените злосторства, поднесена од ДУИ.

Поради нивното отсуство, во Комисијата за надворешна политика немаше кворум за резолуцијата да биде ставена на дневен ред, па опозициските пратеници Албанци обвинија дека отсуството на пратениците Македонци е тенденциозно и најавија дека нема да се откажат да ја стават на дневен ред резолуцијата за почитување на стандардите за правична постапка во меѓународното судење на поранешните раководители на косовските институции.

-Отсуството не е случајно бидејќи се работи за многу чувствителна точка. Отсуството на пратениците по етничка основа е за да се саботира работата на Комисијата и резолуцијата да не биде ставена на дневен ред. Ова е организирано отсуство – рече пратеникот Скендер Реџепи.

Реџеп Исмаил од Левица, пак, рече дека се претпоставувало дека ќе се случи ваква ситуација бидејќи Левица една година се обидува декларацијата за Палестина да дојде на дневен ред.

Во меѓувреме, речиси две години албанскиот политички блок ја блокира Комисијата за социјална политика за да не помине законот за бранителите.