„Корупција, криминал, непочитување на законите и воопшто правните норми се одлика на Владата на СДС и ДУИ. Сето ова се гледа и во случајот Онкологија.
Анкетната комисија за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија не само што ги потврди сите коруптивно-криминални активности, туку посочи и на нови и важни факти и околности.
Самиот Извештај од ревизија укажува на низа неправилности како `информација за начинот и целта на реферирање/одобрување пред онколошки конзилиум не е писмено споделена па одделни лекари не ги реферирале воопшто лековите за новите пациенти и самостојно одлучувале за промена на терапија или започнувале нови тераписки режими“, потоа во истиот се вели и дека „во недостиг на официјални протоколи, пропуст е што листата со лекови од ФЗО со одобрени индикации за соодветни лекови не им е доставена писмено на лекарите како насока за препишување`.
Значи, има Извештај од Државна ревизија, дополнително објавени документи од ВМРО-ДПМНЕ, сведочења на пациенти, нивни блиски, но надлежните остануваат неми.
Нема никаков предмет за Онкологија, а во суштина нема никаква реакција, што остава простор за сомнеж дека криминалот се остава непречено да продолжи да тече.
На сето ова наскоро ќе се стави крај! Едно е јасно, одговорност за дивото месо во здравството ќе има, со име и презиме“ соопштија денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.