ВМРО-ДПМНЕ до Бујар Османи: Албанците „не пијат нафта“

Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Венко Филипче и Зоран Заев можат колку сакаат да зборуваат за Европа и за вредности, но токму тие се синоним за криминални тендери, модуларни болници што гореа и убиваа луѓе, уништени институции, раскопана економија и тргување со националните интереси. На Бујар Османи ‘рускиот свет’ му е Павлов рефлекс – веднаш кога нема што да каже, излегува со ‘руски’ или ‘српски свет’ и мисли дека со тоа ја завршил работата. Толку многу ги потценува Албанците што мисли дека пијат нафта пијат Додека Албанците и Македонците заедно страдаа, мала корумпирана клика на оската на злото ‘ДУИ–СДС’ се богатеше на грбот на народот“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ возврати на обвинувањата на кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, дека сегашните власти ја носат Македонија во „мрачниот руско-српски свет“.

„Не ги носи никој во ‘мрачниот српско-руски свет’ како што сеат магла Османи и ДУИ, туку во светот на одговорноста – пред лицето на законот, за целиот криминал и предавства што ги направи криминалната клика.

Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Венко Филипче и Зоран Заев можат колку сакаат да зборуваат за Европа и за вредности, но токму тие се синоним за криминални тендери, модуларни болници што гореа и убиваа луѓе, уништени институции, раскопана економија и тргување со националните интереси.

На Бујар Османи ‘рускиот свет’ му е Павлов рефлекс – веднаш кога нема што да каже, излегува со ‘руски’ или ‘српски свет’ и мисли дека со тоа ја завршил работата. Толку многу ги потценува Албанците што мисли дека пијат нафта пијат Додека Албанците и Македонците заедно страдаа, мала корумпирана клика на оската на злото ‘ДУИ–СДС’ се богатеше на грбот на народот“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.